Мени

Одржани средби со грантисти на ACTION SEE од Македонија

На 05 декември 2017 година беше одржан состанок со претставници на грантисти во врска со спроведувањето на нивните грантови, како и утврдување на потребите за обука и градење на нивните капацитети, што претставува една од клучните активности на проектот ACTION SEE. На состанокот грантистите имаа можност да се запознаат и да разменат најдобри пракси и искуства во врска со спроведувањето на грантовите. На тој начин проектот цели и кон градење на заедничка платформа и мрежно поврзување на граѓанските организации кои се корисници на овие грантови.
20171205_101826

 

20171215_144351

 

Воедно, на 15 декември 2017 година беше одржана обука со цел да се подобрат нивните капацитети за подготовка на извештајните документи.

Во рамки на проектот ACTION SEE – Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа беа доделени повеќе грантови за имплементација на проекти во времетраење до шест месеци. Вкупно 16 граѓански организации од шест држави и тоа од: Македонија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина, адресираат прашања од локален и од национален карактер за да се унапредат доброто владеење и владеењето на правото.

Од Македонија добитници на грантовите се:

  • Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ – Проектот „Јавни информации достапни за лицата со попреченост“ цели да го оцени, евалуира и да го подобри тековното ниво на пристап за лицата со попреченост до општинските веб-страници во Северо-источниот Регион во Македонија.
  • Институт за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) – Проектот „Будно око – Платформа за мониторинг на употребата на јавни средства во средното образование во Македонија“ има цел да го подобри надзорот и пристапот до информации поврзани со употребата на јавни стредства во финансирањето на средното образование во Македонија.
  • „Профицио“ – Проектот „Во центарот на вниманието: Надминување на злоупотреба на службената дејност во Македонија“ има цел да придонесе кон воведување на практични механизми за поставување и за институционализирање на високи стандарди за етичко однесување, добро владеење и за избраните вршители на јавни функции, јавни службеници и општата јавност преку лобирање и застапување во Македонија.
  • „Заеднички вредности“ – Целта на проектот „Комисии за меѓуетнички односи и етничките заедници“ е да ги зајакне меѓуетничките односи и институциите на системот во земјата, за да се зајакне демократијата во Македонија и да се забрза процесот за пристап во ЕУ.