Аналитичарите кои се членови на тимот ги имаат следните задачи:

  • идентификуваат случаи на непочитување на професионалните новинарски стандарди во медиумите, меѓу кои и прекршување на човековите права или трендови во квалитетот на работата на медиумите во поширок контекст;
  • спроведуваат анализи базирани на критичка анализа на дискурси за таквите случаи.

Кандидатите за членови на тимот треба да ги исполнуваат следните услови:

  • да имаат познавања од областа на човековите права (професионален ангажман, едукација, невладино делување);
  • да имаат искуство во пишување истражувачки извештаи, колумни и/или анализи
  • да немаат/немале партиски функции;
  • добро да го владеат пишаниот македонски или албански литературен јазик;
  • како основа на својот професионален ангажман во сферата на медиумите да го прифаќаат Кодексот на новинари на Македонија или друг еквивалентен кодекс на етички и професионални стандарди усвоен од релевантна организација на новинари (оваа заложба за прифаќање на стандардите за саморегулација треба да се објасни во рамките на мотивационото писмо).

Предност при изборот имаат кандидати кои:

  • да учествувале во мониторинг на медиуми;
  • се членови на здруженија за човекови права;
  • моментално не се во работен однос во медиум од Македонија;
  • можат на професионално ниво да ги анализираат медиумите на македонски или на албански јазик.
  • искуство во примена на пристапот за критичка анализа на дискурси

Кандидатите треба да испратат кратка биографија и писмо за мотивација, како и линкови до 3 сопствени релевантни статии или скенирани објави, преку е-пошта на info[at]metamorphosis.org.mk.

Рокот за пријавување е 28 март 2013 година.

Метаморфозис овозможува еднакви можности и фер и непристрасен третман при ангажирање соработници, без разлика на нивната раса, боја, пол, етничко потекло, возраст, попреченост, политичка поврзаност, брачен статус или сексуална ориентација.

——————————————————————————————————————————-

Целта на проектот, поддржан од американскиот народ, е да се зголеми моќта на граѓаните на Македонија да бараат одговорност од страна на медиумите и да им помогнат на новинарите во исполнувањето на нивните професионални стандарди, преку онлајн-алатки за јавна едукација и подигнување на свеста.

Сподели: