Мени

Оглас: Ангажирање на веб-програмер

Потенцијалните кандидати/кандидатки треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Универзитетска диплома од областа на информатичките технологии
  • Професионално искуство со системи за раководење со содржини (особено Joomla и WordPress)
  • Одлично познавање на PHP, MySQL
  • Напредно познавање на HTML, CSS, JavaScript
  • Одлично познавање на англискиот јазик
  • Способност за тимска работа

Опис на работните задачи:

  • дизајн и развој на најразлични видови веб апликации (XHTML/CSS, PHP, JavaScript, MySQL)
  • имплементација на напредни Content Management системи
  • осмислување на нови креативни решенија за веб сервиси
  • ажурирање и оптимизација на постоечките кодови и функционалности
  • тестирање, имплементација, подготовка на проектна документација


Потребна документација
:

  • Писмо за мотивација
  • Работна биографија (CV)
  • Препораки од претходни работодавци и професори

Метаморфозис нуди динамична и атрактивна работа со можност за непрекинато професионално напредување, работа на локални и меѓународни проекти и пријатна работна средина.

Краен рок за поднесување: 10.04.2013 во 16 часот. Пријавите треба да се испратат исклучиво по е-пошта на адресата contact[at]metamorphosis.org.mk.

За дополнителни информации може да се обратите до Елена Игнатова, проектен координатор, на elena[at]metamorphosis.org.mk или на телефон 02/3109-325.