Основни информации

Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис преку своите програми – општествена отчетност и човекови права на Интернет се залага за зајакнување на улогата на граѓанскиот сектор во зголемувањето на транспарентноста и отчетноста на државните институции, локалната самоуправа и приватниот сектор како и унапредување на правото на слобода на изразување, едукација за правото на приватност, борба против говорот на омраза на Интернет. Активностите кои Метаморфозис ги реализира во рамките на овие програми имаат за цел креирање на средина во која гласот на граѓаните ќе влијае во креирањето на решенија на проблемите, обезбедување на информации и алатки за начинот на барање отчетност и подобрување на односот и довербата на граѓаните кон институциите.

Одговорности на Менаџерот/ката на програми

Менаџерот/ката на програми ќе биде одговорен/а директно пред Директорката на програми во Фондацијата Метаморфозис.

Во рамките на оваа програма, Менаџерот/ката на програми има клучна улога во планирање, координација и спроведување на дневните активности во рамки на проектите поврзани со добро владеење, градење капацитети на граѓански организации и институции. Тој/таа редовно ќе комуницира со партнерите на проектите, ќе обезбеди навремено координирање и известување за сите активности и ќе предложи нови пристапи и стратегии за исполнување на целите на проектите за кои е ангажиран/а.

Потребни услови и лични вештини

  • Завршено високо образование;
  • Најмалку 5 години работно искуство со спроведување на проекти од областа на општествената одговорност, доброто владеење и заштитата на чoвековите права на Интернет;
  • Способност и знаење за раководење тим;
  • Аналитички способности и подготвеност за учење;
  • Позитивен однос и способност за работење со почитување строги рокови;
  • Високо ниво на познавање и примена на македонскиот јазик (усно и пишано);
  • Високо ниво на познавање и примена на англискиот јазик (усно и пишано);
  • Спремност за службени патувања во земјата и странство.

Поседување на возачка дозвола Б категорија ќе се смета за предност.

Вид на ангажман

Менаџерот/ката на програми ќе биде вработен/а на определено време од 12 месеци со можност за продолжување на договорот.

Услови за пријавување

Заинтересираните кандидати/тки кои ги исполнуваат горенаведените услови треба да испратат работна биографија (CV) и кусо писмо за интерес. Пријавите треба да бидат пратени по е-пошта на konkurs@metamorphosis.org.mk до 29.03.2019 година.

Фондацијата Метаморфозис верува дека преку истакнување на посветеноста кон родовата еднаквост се зголемува делотворноста на проектите до максималното ниво, се јакне организацијата, се подобруваат програмските ресурси и координацијата со внатрешните и надворешните партнери. Во Метаморфозис се грижиме за целосна усогласеност со националните закони и политики поврзани со родот и трудот, родова еднаквост во пристапот до можности за обуки, образование, учество во процесот на носење одлуки и придонесите од жените и од мажите да бидат видливи и вреднувани.

Сподели: