Мени

Open Data meetup #2

Open data meetup 13.05.2015

Школата за отворени податоци – Македонија ве поканува на вториот Open Data Meetup во Скопје, кој ќе се одржи овој петок во кафе бар Цреша.

Поканети се сите кои ги интересираат отворените податоци, сакаат да споделат искуство или приказна или да дознаат нечија друга.

На собирот ќе ни се придружи и Костадин Мишев кој ќе го сподели своето искуство од развивање на веб и мобилни апликации кои се базираат на отворени податоци. Тој е дел од регионалниот центар за социјални иновации на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, како и од тимот од ФИНКИ кој работи со отворени податоци.