Мени

Најава: Третa „Средба за отворени податоци“ во Скопје

11156373_10153233655106873_3690145870072899318_n

Школата за отворени податоци – Македонија ве поканува на третата Средба за отворени податоци во Скопје, што ќе се одржи оваа среда во кафе-барот „Цреша“.

Придружете ни се, заедно да продискутираме за отворените податоци и како и секогаш, да споделиме (и слушнеме) по некоја интересна приказна и искуство. Овој пат ќе дискутираме и за пристапот до информации од јавен карактер како начин за доаѓање до отворени податоци. Доколку сакате да ни се придружите, присуството може да го потврдите приклучувајќи се на настанот на Фејсбук.

На средбата ќе ни се придружи и Нада Наумовска која ќе говори за Законот за пристап до информации од јавен карактер, а меѓу другото ќе покаже и како да испратите барање за информации од јавен карактер користејќи ја веб-локацијата www.slobodenpristap.mk.