Преглед

Фондацијата за интернет и општество, Метаморфозис објавува јавен повик за консултантски услуги за спроведување на истражувачка студија за можностите за финансирање на организациите од граѓанскиот сектор во регионот на Западен Балкан, со посебен фокус на Македонија. Истражувачката студија и резултатите од истата ќе бидат искористени како основа во процесот на развој на тригодишниот стратешки план за Фондацијата Метаморфозис.

Историјат

Фондацијата Метаморфозис е независна оганизација, која работи во Македонија и во поширокиот Европски дом од 2007. Нашиот тим е составен од посветени активисти кои се залагаат за демократија, обединети со заедничката цел и вредности за меѓусебна отчетност, отворена комуникација и непоколеблива посветеност на универзалните човекови права и демократијата.

Метаморфозис работи на зајакнување на свеста и капацитетите на граѓаните и граѓанското општество да можат во најголема можна мера да ги исполнат своите улоги како активисти за демократија, при што ги поддржува и државните институции при исполнувањето на нивната улога на служење на општеството.

Контекст

Метаморфозис започна процес за развој на програма, организациска и институционална стратегија со цел водење на Фондацијата во наредните три години. Дел од стратешкиот план ќе биде посветен на изнаоѓање различни опции за финансирање со цел поддршка на нашата мисија преку која предвидуваме општество во кое вклучени и свесни граѓани активно користат иновативни алатки за да ги исполнат своите граѓански права и одговорности, кои будно влијаат на своите влади и бараат отчет од нив, со што обезедуваат демократско, отчетно и одговорно владеење.

Затоа, една од истражувачките студии кои ги бараме во процесот на стратешко планирање е поврзана со можностите за финансирање. Потполно сме свесни за средината која постојано се менува во која граѓанските организации работат во Македонија и Западниот Балкан, па освен искористување на веќе достапните донаторски опции за финансирање во регионот, отворени сме за разгледување на други начини на финансирање на нашата работа т.е. спонзорства, владино финансирање и мали грантови.

Опсег

Целта на оваа студија е да се проценат и мапираат целокупната пристапност, ефективност и одржливост на донаторските фондови, спонзорства, владиното финансирање, малите грантови и другите достапни можности за финансирање за граѓанскиот сектор во Македонија и регионот на Западен Балкан, со идентификување на најдобрите практики. Оваа студија треба да вклучува анализа за поддршка на граѓанското општесво во неколку подрачја:

  • Институционална отвореност и одговорност
  • Развој на капацитети за акивно граѓанство
  • Почитување на човековите права online
  • Развој на медиумите

Студијата треба да биде комплетирана за 15 работни дена во период од два месеци.

Специфични цели и резултати

Цел 1:

Развој и/или прилагодување на постоечка истражувачка методологија за проценка и мапирање на целокупната ефективност и одржливост на донаторските фондови, спонзорства, владино финансирање и мали грантови за граѓанското општество во Македонија и регионот на Западен Балкан која ќе биде конзистентна со нашата мисија и визија.

Резултат 1.1:

  • Изработка/пишување на методологијата за истражување

Цел 2:

Спроведување на истражувањето врз основа на претходно дефинираната методологија и анализа на резултатите.

Резултат 2.1:

  • Изработка на драфт верзија на анализата за можностите за финансирање на организациите на граѓанското општество во Македонија и Западниот Балкан.

Резултат 2.2:

  • Финална верзија на анализата за можностите за финансирање на организациите на граѓанското општество во Македонија и Западниот Балкан.

Резултат 2.3:

  • Изработка на презентација со главните заклучоци од истражувањето и анализата како и нивна презентација пред менаџерскиот тим на Метаморфозис.

Резултат 2.4:

  • Изработка на пишано резиме за истражувањето и анализата на најмногу две страници.

Цел 3:

Редовни консултации со тимот на Метаморфозис, особено со менаџментот и финансиските сектори.

За оваа цел, еден член од тимот за промени (Change Team) ќе го придружува експертот за времетраењето на целиот процес, со цел да обезбеди поддршка и потребните информации.

Резултат 3:

  • Одржување на најмалку два состаноци со менаџментот и финансискиот персонал, еден во фазата на формирање на методологијата и втор состанок за презентација на резултатите.

Авторските права за сите остварени резултати кои се дел од ова истражување се сопственост на Фондацијата Метаморфозис. Финалните резултати треба да бидат напишан на разбирлив англиски јазик и да содржат визуелни елементи кои можат повторно да бидат употребувани од Фондацијата Метаморфозис.

Квалификации

Договорениот консултант треба да ги има наведените минимум квалификации и искуство:

  • Релевантно високо академско образование за поединци и/или тим на експерти и листа на референци за правни субјекти.
  • Најмалку 5 години релевантно професионално искуство, вклучително и искуство за за остварени истражувачки студии за граѓанско општество во Европа.
  • Искуство со можности за финасирање, прибирање средства и партнерски развој во однос на организации од граѓанскиот сектор и/или медиуми.
  • Листа на референци за претходно остварени истражувачки студии за можности за финансирање

Временска рамка

  • 18 Јуни – Рок за апликации
  • 18 – 22 јуни – Потпишување договор
  • 25 јуни – Средба за дефинирање на методологијата
  • 16 јули – Анализа на нацртот
  • 06 август – Финална верзија на анлизата
  • 08 август– Презентација на резултатите

Процес на аплицирање

Сите апликации треба да се испратат до Марија Панчевска, Финансиски менаџер, на marijap@metamorphosis.org.mk.

Апликацијата треба да содржи кратка биографија (CV), финансиски предлог кој вклучува прелиминарен работен план и мотивациско писмо со најмногу 500 зборови во кое ќе објасните како Вашато искуство Ве квалификува за овој вид ангажман.

Ве молиме доставете и информации за контакт на две лица кои можат да дадат коментар за Вашата способност да се сносите со овој ангажман.

Рок: 18 јуни 2018, 17:00ч.

Само одбраните кандидати ќе бидат контактирани и поканети на интервју.

 

Сподели: