Преглед

Фондацијата за интернет и општество, Метаморфозис објавува јавен повик за консултантски услуги за спроведување на партнерско скенирање и истражување за организациите од граѓанскиот сектор во регионот на Западен Балкан, со посебен фокус на Македонија. Истражувачката студија и резултатите од истата ќе бидат искористени како база во процесот на развој на три годишниот стратешки план за Фондацијата Метаморфозис.

Историјат

Фондацијата Метаморфозис е независна организација, која работи во Македонија и во поширокиот европски дом од 2007 година. Нашиот тим е составен од посветени активисти за демократија, здружени со заедничка цел и заеднички вредности на взаемна отчетност, отворена комуникација, и непоколеблива посветеност кон универзалните човекови права и демократија.

Фондацијата Метаморфозис работи на зајакнување на свесноста и капацитетите на граѓаните и граѓанското општество за прифаќање на нивната најширока можна улога како активисти за демократија, притоа поддржувајќи ја владата при исполнувањето на нејзината демократска улога служејќи му на општеството.

Контекст

Метаморфозис започна процес за развој на програма, организациска и институционална стратегија со цел водење на фондацијата во наредните три години. Дел од стратешкиот план ќе биде посветен на изнаоѓање различни опции и партнерски можности со цел поддршка на нашата мисија преку која предвидуваме општество во кое вклучени и свесни граѓани активно користат иновативни алатки за да ги исполнат своите граѓански права и одговорности, кои будно влијаат на своите влади и бараат отчет од нив, со што обезедуваат демократско, отчетно и одговорно владеење.

Потполно сме свесни за средината која постојано се менува во која граѓанските организации работат во Македонија и Западниот Балкан, па освен истражување на новите партнерски можности, исто така ќе биде важно да се анализираат и сегашните партнерства кои Метаморфозис ги има.

Опсег

Целта на оваа студија е да се проценат и мапираат потенцијалите можности за вмрежување и партнерства за Фондацијата Метаморфозис со организациите од граѓанскиот сектор, приватни субјекти, лица, владини партнерства, медиуми и мрежи на граѓанското општество.

Истражувњето треба да се фокусира на партнерски можности со субјекти и/или лицакои ги имаат следниве принципи:

  • Имаат слична визија со Фондацијата Метаморфозис
  • Ги имаат истите главни вредности на отвореност и одговорност
  • Посветеност на универзалните човекови права и демократија
  • Имаат ентузијастичен пристап кон изнаоѓање взаемни бенефиции и искуства од партнерствата.

Студијата треба да биде комплетирана за 10 работни дена во период од два месеци.

Специфични цели и резултати

Цел 1:

Развој и/или прилагодување на постоечката истражувачка методологија за проценка и мапирање на потенцијалните прилики за вмрежување и партнерски можности за Фондацијата Метаморфозис со оранизации од граѓанскиот сектор, приватни субјекти, лица владини партнерства и мрежи на граѓанското општество и медиуми.

Резултат 1.1:

  • Изработка на методологијата за истражување

Цел 2:

Спроведено истражување врз основа на претходно дефинирана методологија и анализа на резултатите.

Резултат 2.1:

  • Изработка на нацрт верзија на партнерското скенирање и истражување.

Резултат 2.2:

  • Финална верзија на партнерското скенирање и истражување.

Резултат 2.3:

  • Изработка на презентација со главните заклучоци од партнерското скенирање и истражувањеи нивна презентација пред менаџерскиот тим на Метаморфозис.

Резултат 2.4:

  • Изработка на пишано резиме за партнерското скенирање и истражувањена најмногу две страници.

Цел 3:

Редовни консултации со тимот на Метаморфозис, особено со менаџментот и програмските сектори.

За оваа цел, еден член од тимот за промени (Change Team) ќе го придружува експертот за времетраењето на целиот процес, со цел да обезбеди поддршка и потребните информации.

Резултат 3:

  • Одржување на најмалку два состаноци со менаџментот и програмскиот персонал, еден во фазата на формирање на методологијата и втор состанок за презентација на резултатите.

Авторските права за сите остварени резултати кои се дел од ова истражување се сопственост на Фондацијата Метаморфозис. Финалните резултати треба да бидат напишан на разбирлив англиски јазик и да содржи визуелни елементи кои можат повторно да бидат употребувани од Фондацијата Метаморфозис.

Квалификации

Договорениот консултант треба да ги има наведените минимум квалификации и искуство:

  • Релевантен висок академски степен за лица и/или тим на експерти и листа на референци за правни субјекти.
  • Најмалку 5 години релевантно професионално искуство, вклучително и искуство за за остварени истражувачки студии за граѓанско општество во Европа.
  • Искуство со партнерски развој во релација со организации на граѓанското општество.
  • Листа на референци за претходно остварени истражувачки студии за можности за финансирање

Временска рамка

  • 18 јуни – Рок за апликации
  • 18 – 22 јуни – Потпишување на договор
  • 25 јуни – Средба за дефинирање на методологијата
  • 16 јули – Анализа на нацртот
  • 06 август – Финална верзија на анлизата
  • 08 август– Презентација на резултатите

Процес на аплицирање

Сите апликации треба да се испратат до Марија Панчевска, Финансиски менаџер, на marijap@metamorphosis.org.mk.

Апликацијата треба да содржи кратка биографија (CV), финансиски предлог кој вклучува прелиминарен работен план и мотивациско писмо со најмногу 500 зборови во кое ќе објасните како Вашето искуство Ве квалификува за овој вид ангажман.

Ве молиме доставете и информации за контакт на две лица кои можат да дадат коментар за Вашата способност да се сносите со овој ангажман.

Рок: 18 јуни 2018, 17:00ч.

Само одбраните кандидати ќе бидат контактирани и поканети на интервју.

Сподели: