Преглед

Фондацијата за интернет и општество, Метаморфозис објавува јавен повик за консултантски услуги за спроведување политичко-економска анализа на процесите, условите и состојбите во кои работат организациите од граѓанскиот сектор во регионот на Западен Балкан, со посебен фокус на Македонија. Политичко-економската анализа треба да се фокусира на моментната состојба како и на идната прогноза за развој. Резултатите од анализата ќе бидат искористени како основа во процесот на развој на тригодишниот стратешки план за Фондацијата Метаморфозис.

Историјат

Фондацијата Метаморфозис е независна организација, која работи во Македонија и во поширокиот европски дом од 2007 година. Нашиот тим е составен од посветени активисти за демократија, здружени со заедничка цел и заеднички вредности на взаемна отчетност, отворена комуникација, и непоколеблива посветеност кон универзалните човекови права и демократија.

Фондацијата Метаморфозис работи на зајакнување на свесноста и капацитетите на граѓаните и граѓанското општество за прифаќање на нивната најширока можна улога како активисти за демократија, притоа поддржувајќи ја владата при исполнувањето на нејзината демократска улога служејќи му на општеството.

Контекст

Метаморфозис започна процес за развој на програмска, организациска и институционална стратегија со цел водење на Фондацијата во наредните три години. Дел од стратешкиот план ќе биде посветен на финансиско планирање, интегритет и контрола како и можностите за финансирање и процекна на ризик.

Затоа, една од истражувачките анализи кои ги бараме во процесот на стратешко планирање е поврзана со политичкиот и економскиот контекст во Македонија и регионот на Западен Балкан.

Потполно сме свесни за политичките и економските околности во регионот, па освен анализа на преземените и планираните владини политики кон организациите од граѓанскиот сектор, би сакале да разбереме како бизнис и академскиот сектор се позиционираат во поглед на граѓанскиот сектор. Тригодишната прогноза во политички и економски контекст ќе биде разгледувана како клучен дел од анализата.

Опсег

Со политичко-економската анализа, Метаморфозис има за цел подобро да ги разбере политичките и економските процеси кои преовладуваат во нашето општество, иницијативите, односи, дистрибуција и оспорување на моќта помеѓу различни групи и лица. Со ова, имаме намера да поставиме реалистични очекувања на она што може да биде постигнато, во која временска рамка и вклучени ризици како дел од нашиот тригодишен стратешки план.

Политичко-економската анализа треба да биде повеќеетапна и главно фокусирана на:

  1. Анализа на државата како макро пристап за подобро разбирање на пошироката политичка и економска средина;
  2. Анализа на граѓанскиот сектор – со цел идентификување на специфичните бариери можности како дел од одредени програмски области на работа на Метаморфозис: добро владеење, развој на капацитети, човекови права и медиуми;
  3. Проблемска анализа со која сакаме да го разбереме нивото на вкклученост и вмрежување меѓу бизнис заедницата и организациите на граѓанскиот сектор во Македонија и регионот.

Анализата треба да биде комплетирана за 15 работни дена во период од два месеци.

Специфични цели и резултати

Цел 1:

Изработка и/или прилагодување на постоечка методологија за истражување за спроведување политичко-економската анализа на три нивоа: државно, секторско и проблемско ниво – кои ќе бидат конзистентни со нашата мисија и визија.

Резултат 1:

  • Изработка на методологијата за истражување

Цел 2:

Изработка на политичко-економската анализа базирана на претходно дефинирана методологија.

Резултат 2.1:

  • Изработка на нацрт верзија на политичко-економската анализа.

Резултат 2.2:

  • Финална верзија на политичко-економската анализа.

Резултат 2.3:

  • Изработка на презентација со главните заклучоци од на политичко-економската анализа и нивна презентација пред менаџерскиот тим на Метаморфозис.

Резултат 2.4:

  • Изработка на пишано резиме за политичко-економската анализа на најмногу две страници.

Цел 3:

Редовни консултации со тимот на Метаморфозис, особено со менаџментот и програмскиот персонал. За оваа цел, еден член од тимот за промени (Change Team) ќе го придружува експертот за времетраењето на целиот процес, со цел да обезбеди поддршка и потребните информации.

Резултат 3:

  • Одржување на најмалку два состаноци со менаџментот и програмскиот персонал, еден во фазата на формирање на методологијата и втор состанок за презентација на резултатите.

 

Авторските права за сите остварени резултати кои се дел од ова истражување се сопственост на Фондацијата Метаморфозис. Финалните резултати треба да бидат напишан на разбирлив англиски јазик и да содржи визуелни елементи кои можат повторно да бидат употребувани од Фондацијата Метаморфозис.

Квалификации

Договорениот консултант треба да ги има наведените минимални квалификации и искуство:

  • Релевантен висок академски степен за лица и/или тим на експерти и листа на референци за правни субјекти.
  • Најмалку 5 години релевантно професионално искуство, вклучително и искуство за за остварени политичко-економски анализи за организациите на граѓанското општество во Европа.
  • Листа на референци за претходно спроведени политичко економски анализи (PEAs).

Временска рамка

  • 18 Јуни – Рок за апликации
  • 18-22 јуни – Потпишување договор
  • 25 јуни – Средба за дефинирање на методологијата
  • 16 јули – Анализа на нацртот
  • 06 август – Финална верзија на анализата
  • 08 август– Презентација на резултатите

Процес на аплицирање

Сите апликации треба да се испратат до Марија Панчевска, Финансиски менаџер, на marijap@metamorphosis.org.mk.

Апликацијата треба да содржи кратка биографија (CV), финансиски предлог кој вклучува прелиминарен работен план и мотивациско писмо со најмногу 500 зборови во кое ќе објасните како Вашато искуство Ве квалификува за овој вид ангажман.

Ве молиме доставете и информации за контакт на две лица кои можат да дадат коментар за Вашата способност да се сносите со овој ангажман.

Рок: 18 јуни 2018, 17:00ч.

Само одбраните кандидати ќе бидат контактирани и поканети на интервју.

Сподели: