Оваа година, темите опфатени на конференцијата ќе овозможат размена на досегашни искуства, како и идеи и препораки за развој на образованието во иднина, потпомогнато со употребата на новите технологии и концептот на слободно споделување.

Првиот ден ќе се разработуваат теми поврзани со отворените образовни ресурси и отворениот пристап, како и правно-институционалните предуслови за нивниот развој во државите во регионот. Покрај тоа, една сесија ќе биде посветена на примената на софтвер во формалното образование, а особено на оној со отворен код. Првиот ден ќе заврши со препораки за развој и иновации кои може да се инкорпорираат во образовниот процес.

Вториот ден ја проширува темата, отворајќи ги прашањата за градење заедници на интернет и концептот Отворен универзитет како идеја кон која се насочува високото образование. Исто така, ќе се анализира улогата која ја има граѓанскиот сектор во процесот на создавање ресурси кои служат за едукација, во формалното, но пред сè во неформалното образование.

Формуларот за регистрација е активен и достапен на официјалниот веб-сајт на конференцијата е-Општество.мк. Воедно, ве покануваме да го пријавите вашето учество на конференцијата.

Сите детали за конференцијата, како и агендата (.pdf) ќе ги најдете на www.e-society.mk.

Хаштагот за конференцијата е #esociety12.

Конференцијата е поддржана од Фондации Отворено општество и Фондацијата отворено општество – Македонија.

Сподели: