На 22.10.2015 (четврток), со почеток во10.00 часот во ГЕМ Клуб во Скопје, ќе се одржи презентација на нацрт-верзијата на Анализа на законската рамка за образование и можностите за имплементација на отворените образовни ресурси. По презентацијата ќе следи отворена консултација во однос на заклучоците и препораките произлезени од оваа анализа.

Ве покануваме да го дадете вашиот придонес преку присуство и оставање на коментар, забелешка или препорака која би сакале да биде разгледана и вклучена во финалниот извештај на анализата.

Ве молиме да го потврдите вашето учество на отворената консултација најдоцна до 21 октомври (14.00 часот) со пополнување на формуларот за регистрација.

Оваа анализа е мотивирана од неколкугодишната работа на полето на отворени образовни ресурси и препораките добиени од работната група за отворени образовни ресурси составена од членовите на Алијансата за ООР. Анализата го опфаќа законот за основно образование, закон за средно образование, закон за учебници за основно и средно образование, закон за авторско право и сродни права, а овозможува согледување на состојбите, изведување заклучоци и препораки за можно регулирање на отворените образовни ресурси во овие закони.

Презентацијата е дел од активностите по повод меѓународната Недела на отворен пристап која се одржува во периодот 19 – 25 октомври.

Сподели: