Во периодот 1 – 3 април, во Хотел Дрим во Струга, се одржа втората едуконференција на наставници и информатичари 2016, во организација на здружението Пријатели на образованието. Конференцијата има цел да им помогне на наставниците и студентите – идни наставници, во развивањето и подобрувањето на организациските, комуникативните, методолошките и дидактичките вештини.

12909676_925986677517407_861635367171496102_o

На овој настан беа презентирани примери од наставата кои се потврдени како ефективни, корисни и интересни, а воедно се дискутираа и многу теми од интерес за професорскиот професионален развој. Учесници проследија предавања на експертите од земјата и странство, кои се истакнати и афирмирани во педагошките и информатичките сфери.

За време на оваа конференција, претставник на Метаморфозис и Алијансата за отворени образовни ресурси зборуваше за тоа што се отворени образовни ресурси, зошто се важни и како може да се користат посочувајќи примери и искуства од светот, а беа доделени и сертификатите на Нај ООР наставниците за 2015 година (Роза Китрозоска и Тања Метикош).

Воедно, Метаморфозис заедно со Алијансата за ООР го помогна учеството на 90 наставници преку доделување на котизации на првите 90 потписници кои ја потпишаа декларацијата за ООР по објавувањето на повикот за пријавување на оваа конференција.

Сподели: