Корупцијата се искоренува не преку нови и построги закони, туку со промена на општеството преку социјален притисок, беше порачано на панел дискусијата „Отвореноста на институциите, како предуслов за добро владеење“ кој на 15 април го организираше Центарот за демократска транзиција (ЦДТ) во Инфо центарот на евро-атланските интеграции во Подгорица, Црна Гора во рамките на проектот ACTION VISEGRAD SEE.

20160415_123238

За време на панелот, ЦДТ ја претстави регионалната иницијатива за отворена и одговорна власт, што ќе придонесе за зголемување на отвореноста и отчетноста на институциите, што е од суштинско значење кога станува збор за спречување и борба против корупцијата.

Како новите технологии можат да го подобрат добро владеење?

Претставници на невладини организации од Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Чешка објаснија како новите технологии можат да го зголемуваат доброто владеење.

Презентирајќи ги проектите „Вистиномер“ и „Граѓаните на стража“, Вукосава Црњански од Центарот за истражување, транспарентност и отчетност од Белград – ЦРТА, рече дека медиумите се еден од основните механизми кога станува збор за доброто владеење.

Дамир Даутовиќ од ЦДТ претстави мобилна апликација „Прашувам за да знам“, која го поедноставува процесот на испраќање на барања за слободен пристап до информации меѓу институциите и граѓаните, а Дарко Бркан од граѓанското здружение „Зошто не?“ ја претстави веб-платформата javnarasprava.ba која нуди можност за директно учество во процесите на донесување одлуки во БиХ.

Бардил Јашари од Фондацијата Метаморфозис вели дека новите технологии можат да придонесат за подобрување на односите помеѓу граѓаните и институциите, но претходно е потребно да се прават промени во рамките на самите институции.

Микал Скоп од „КохоВолит“ заклучи дека создавањето на апликации од страна на невладините организации претставува важен придонес за добро владеење.

Целта на ACTION VISEGRAD SEE проектот е промоција на динамично граѓанско општество кое ефективно ќе мобилизира граѓани за активно вклучување кон прашања поврзани со доброто владеење, и кое ќе влијае на политиките и процесите на донесување на одлуки на национално и регионално ниво во Западен Балкан.

 

АКТИОН СЕЕ проектот е поддржан од:

visegrad_fund_logo_blue

и

Владата на Сојузна Република Германија

Сподели: