Мени

Ping.mk освежен со нов изглед

Препораките кои се собираат од претходно пријавените РСС фидови, како и рачно поднесените поединечни линкови и текст-базирани содржини, сега имаат можност да се појават во една од осумте категории: Политика, Економија, Здравје, Спорт, Технологии, Забава, Култура и Општо.

Основната намена на агрегаторот и понатаму останува иста, односно промовирање на содржините кои ги нудат алтернативните медиуми, како што се блоговите, веб-сајтовите на организации и портали, но и содржини од останатите нови и традиционални медиуми.

Со регистрирање на агрегаторот, корисниците можат да придонесуваат со гласање и поднесување нови извори и содржини. Притоа, најдобрите содржини имаат шанса да бидат избор на уредниците и да се најдат на почетната страница на сајтот, како и да бидат промовирани на социјалните мрежи.

Она што го прави Пинг различен од другите сајтови со порталски изглед е пред сè, можноста за гласање и тоа, со давање позитивни и негативни гласови, можноста за коментирање, вклучително и на оние сајтови кои немаат овозможено ваква функционалност, шареноликиот избор на содржини и нивниот извор кој претставува баланс помеѓу она што ни го сервираат традиционалните медиуми и гласот на народот. Сето тоа, сега го надополнува прецизен свеж дизајн, со тазе препораки во секое време.

Поставувањето свежи препораки се врши во текот на целиот ден, во неколку  термини, па навраќајќи се повеќе пати, посетителите секогаш ќе наидуваат на нови интересни содржини.

Препораките кои ќе се поставуваат на сајтот се промовирани на страницата на Пинг на Фејсбук, како и на профилот на Твитер. За дополнителна промоција на сајтот, „Фонацијата Метаморфозис“ постави и седум билборди во 6 градови низ државата. Билбордите, од кои два во Скопје и по еден во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп и Штип, ќе бидат видливи до крајот на месец јуни.

Следете го Пинг на: