Опстанокот на Европската мрежа за дигитални права (EDRi) е неизвесен. Тековното финансирање завршува во 2015 година. Потребна е вашата помош за да не ја изгубиме оваа активистичка организација во Брисел – застапник за дигиталните права што прави сè во своја моќ за да ја претвори Европа во слободно и отворено општество во коешто вашите граѓански права и слободи се загарантирани.

Донирајте сега и помогнете да собереме 50.000 евра!

Каде ќе завршат вашите пари?

Во споредба со еквивалентните организации во САД (како што се EFF или ACLU), EDRi располага со значително помалку средства. Покрај тоа, индустриското лоби во Брисел влијае врз креирањето на политиките на ЕУ со многу повеќе средства на располагање. Вашите пари ќе придонесат за повторно воспоставување на рамнотежата. Ако сакате да дознаете повеќе или да искористите други начини на плаќање (банкарски трансфер, flattr), прочитајте ги често поставуваните прашања за донации.

EDRi ќе обезбеди дека вашите права и слободи се почитуваат во европските предлог-закони преку:

  • внимателно следење на активностите на институциите на ЕУ
  • подготовка на информативен материјал, како што се инфографици, статии, водичи и брошури
  • средби со европратениците и претставниците на Европската Комисија

ЕДРИ интервенираше кога македонската Влада се обиде да го усвои Законот за медиуми (што поддржуваше цензура) упатувајќи јавен повик и писмо до Владата. Пред да се донесе законот, ресорниот министер на владата побара и одржа средба со извршниот директор на EDRi. Иако првично во Законот беа опфатени објавите на интернет, во крајната верзија на Законот усвоена во февруари 2014 г. содржините на интернет-порталите сепак не беа вклучени во опсегот на контролирање.

Сподели: