Мени

Подготвителен настан за конференцијата DOKU:TECH

Тимот на Метаморфозис со задоволство го пречекува тимот на DOKU:TECH во Скопје, на средба што ќе претставува одлична можност за ентузијастите за технологија во Македонија да учествуваат на уникатна конференција за технологија во регионот.

Со помош на истакнати светски експерти, конференцијата DOKU:TECH ги истражува општествените импликации на технолошките иновации од аспект на поврзувањето, содржините, отвореноста и безбедноста.

DOKU:TECH ќе се одржи во убавиот град Призрен, во Косово, а на настанот ќе учествуваат реномирани говорници, набљудувачи, истражувачи и создавачи од целиот свет кои ќе зборуваат за отвореното знаење, дигиталната безбедност, приватноста, општественото претприемништво и бизнисот.

Претставниците на DOKU:TECH ќе се сретнат со организаторите и ќе се информираат за сите детали поврзани со говорниците, за градот-домаќин, како и за деталите што им требаат на сите од Македонија што ќе го посетат Призрен за да присуствуваат на оваа уникатна конференција.

Настанот ќе се одржи во клубот ГЕМ во Старата скопска чаршија.

http://www.dokute.ch/

Твитер: @dokutech
YouTube: doku:tech
Instagram: dokutech