featured roadmap vishegradНа 22 февруари 2017 година (среда), во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје ќе се одржи финалната конференција во рамки на проектот АКТИОН СЕЕ Вишеград – Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа на тема „Патот кон добро владеење“.

Како гости говорници ќе присуствуваат Н.Е. Д-р Кристине Д. Алтхаузер, амбасадорка на Германија во Македонија, Н.Е. Г-н Јацек Мултановски, Амбасадор на Полска во Македонија, претставници на партнерите во проектот од Вишеградската група: Чешка, Словачка, Унгарија и Полска, како и претставници на партнерските граѓански организации од земјите од Балканот: Македонија, Црна гора, Србија и Босна и Херцеговина.

Во рамки на конференцијата ќе се промовира сеопфатен план за имплементација на принципите на доброто владеење во земјите од Западен Балкан – „Патот кон Добро Владеење“.

На конференијата ќе се одржат две панел-дискусии на тема: „Добри практики од регионот на Вишеградската група и од Балканот“ и „Достапност на податоци и истражувања за добрто владеење“.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават со пополнување на формуларот на следниот линк: https://goo.gl/forms/MNJAG7P1EPJNxVPO2 најдоцна до понеделник 20.02.2017 г.

Во земјите од Западен Балкан, граѓаните и граѓанските организации не доволно ги користат ИКТ алатките за добро владеење развиени од страна на други организации и државата, а тоа се должи на недостатокот на свест и вештини.

Исто така, тие се обесхрабрени да ги користат поради перцепцијата дека нивниот придонес нема да направи никаква реална разлика. Покрај тоа, јавните институции пак не доволно го користат потенцијалот на ИКТ за да станат поодговорни и да ги вклучат граѓаните.

АКТИОН Вишеград СЕЕ проектот, поддржан од Вишеградскиот фонд, има за цел да придонесе кон надминување на овие пречки, а преку здружување на граѓанските организации и институциите од регионот, како и преку истакнување на добрите практики од В4 земјите и земјите од Западен Балкан.

Целта на АКТИОН Вишеград СЕЕ проектот е промоција на едно динамично граѓанско општество кое ефикасно ги мобилизира граѓаните, а со цел нивно активно ангажирање за прашања поврзани со доброто владеење во контекст на пристап кон ЕУ, и кое влијае на политиките и процесот на донесување на одлуки, како на национално, така и на регионално ниво во Западниот Балкан.

Целосната агенда на настанот е во прилог.

 

АГЕНДА

Финална конференција – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа

22.02.2017 – Холидеј Ин, сала Милениум 2, Скопје, Македонија

 

09:30-10:00 Регистрација и кафе

 

10:00 – 10:30 Сесија: Отварање

  • Н.Е. Г-н. Јацек Мултановски – Амбасадор на Полска во Македонија
  • Н.Е. Д-р Кристине Д. Алтхаузер – Амбасадорка на Германија во Македонија
  • Бардил Јашари – директор, Фондација „Метаморфозис“

 

10:30 – 11:10 Презентација на сеопфатен план за имплементација на принципите на доброто владеење во земјите од Западен Балкан – Патот кон Добро Владеење

  • Дискусија

11:10 – 12:40 Панел 1: Добри практики од регионот на Вишеградската група и од Балканот

  • Кристоф Мадејски – Фондација „Епанство“ – Полска
  • Данијела Божовиќ – Центар за истражување, транспарентност и отчетност – ЦРТА – Србија
  • Аида Ајановиќ – ЗаштоНе? – Босна и Херцеговина
  • Илдико Ковач – Атлатзо – Унгарија

 

12:40-13:00 Кафе пауза

 

13:00 – 14:00 Панел 2: Достапност на податоци и истражувања за добрто владеење

  • Тамара Ресавска, Фондација „Метаморфозис“ – Македонија – Активности во рамки на Регионалната АКТИОН СЕЕ мрежа: Индекс на отвореност
  • Милена Гвозденовиќ, Центар за демократска транзиција – Црна Гора – Достапност на податоци и подобрување на перформансите на институциите
  • Елена Ристовска, Центар за граѓански комуникации – Македонија – Важноста на отвореноста на системот за јавни набавки за доброто владеење
  • Татјана Жилкова, Фондација „Понтис“ – Словачка – Соработка меѓу граѓанскиот сектор, институциите и приватниот сектор
  • Димитар Тануров, Мета новинска агенција – Отвореност на институциите: новинарски искуства

14:00-14:10 Заклучоци и затварање

14:10-15:10 Ручек

Сподели: