Фондацијата Метаморфозис и Евротинк – Центар за европски стратегии се обраќаат до заинтересираните локални граѓански организации и медиуми со покана за учество на информативни сесии во врска со Програмата за мали грантови во рамки на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, поддржан од Европската Унија.

Конкурсот за мали грантови е првиот од двата циклуса на Програмата за мали грантови и е објавен на 1-ви јуни, а ќе биде отворен до 6-ти јули 2018 година. Во рамките на првиот циклус е предвидено да се доделат 8 грантови со кои ќе се поддржи по еден проект од 8-те плански региони во Македонија. Вкупниот буџет за грантови во првиот циклус изнесува 50.000 евра, односно ќе бидат доделени поединечни грантови во износ помеѓу 5.000 и 7.000 евра.

Детални информации за проектот и Програмата за мали грантови се достапни на веб-локациите на партнерите и на веб-локацијата на проектот http://crithink.mk/

Основна цел на проектот е да промовира медумска писменост како основа за зачувување на правото на граѓаните да имаат различни мислења, преку стимулирање на култура за критичко мислење, плурализам на мислења и демократски вредности.

Специфичните цели на проектот се:

  • Да се поттикнува култура на критичко размислување преку едукација на општата јавност за штетните ефекти на медиумските манипулации врз демократијата и европските вредности.
  • Да се зголемат капацитетите на граѓанските организации и медиумите да се справуваат со медиумски манипулации (вкл. и говор на омраза) преку подобрување на медиумската писменост во содејство со државните институции.
  • Да се зголеми побарувачката од граѓаните за поголема отчетност и одговорност на медиумите преку јавно неформално образование, промоција на професионалните стандарди и меѓународните практики за заштита на слободите на мислење и изразување

Со цел да ја приближи и да ја дообјасни Програмата за мали грантови и самиот проект до сите заинтересирани, Метаморфозис и Евротинк организираат информативни сесии во градовите од 8-те плански региони во Македонија.

MacedoniaMap.Mk

Точниот распоред на информативните сесии се во табелата подолу:

Град Датум и час Локација на настан
Тетово 11.06.18г; 10:30ч. НВО Лоја, ул Илинденска бр. 18А
Струга 11.06.18г; 15:30ч. х. Дрим
Битола 12.06.18г; 11:00ч. Младински културен центар, Битола, ул. Цар Самоил бр. 29
Велес 12.06.18г; 15:30ч НВО центар, ул. Трајче Панов бр. 22
Куманово 13.06.18г; 12:00ч општина Куманово
Штип 14.06.18г; 11:00ч х. Оаза
Струмица 14.06.18г; 16:30ч Центар на заедниците
Скопје 19.06.18г. 11:00ч Граѓански ресурсен центар, бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 50 (во близина на ЕУ Инфоцентар)

Сподели: