Време: 16-ти мај (среда), 2018 година, 12:00 часот

Локација: Универзитет „Гоце Делчев“, Штип – Правен факултет, Свечена сала

 

Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис, има чест да Ве покани да земете учество на јавниот настан за размена на знаења и искуства – „Слобода на интернет“, што ќе се одржи на 16-ти мај 2018 година на Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип, Правен факултет, Свечена сала.

Настанот ќе биде посветен на претставување на прелиминарните извештаи од проектот „Слобода на интернет“ поврзани со заштита на човековите права, како и претставување на резултатите од мерењата за отвореноста на институциите од проектот „Мрежа за отчетност, технологија и институционална отвореност во ЈИЕ“.

Активно учество во дискусијата особено очекуваме од новинари, правници, адвокати и активисти. Посебен акцент ќе биде ставен на подигнување на јавната свест за меѓународните правни стандарди и нивната примена и споделување на искуствата на правниците кои работат во овие области во Македонија.

Основа за дискусијата се:

Агендата на настанот е во прилог, а заради ограничениот број на места Ве молиме учеството да го потврдите преку пополнување на формуларот за регистрација или по е-пошта на contact@metamorphosis.org.mk и emilija@metamorphosis.org.mk.

Преземете ја агендата (.pdf)

 

 

Сподели: