Мени

Покана за настан: We Can Code

logo2

Фондацијата Метаморфозис во соработка со Универзитетот на Југо-Источна Европа, на 17 октомври, го организираат настанот We Can Code по повод Европската недела на кодирање Europe Code Week. Настанот ќе се одржи во просториите на Универзитетот на Југо-Источна Европа во Скопје, со почеток од 10:00 часот до 18:00 часот.

Денес живееме во свет кој е под влијание на рапидниот развој на технологијата. Начинот на кој работиме, комуницираме, купуваме и размислуваме е драстично променет. Со цел да ги прифатиме овие брзи промени и да го разбереме светот околу нас, ние не само што треба да го развиваме нашето знаење за тоа како функционира технологијата, туку и да развиваме вештини и можности, кои ќе ни помогнат да се адаптираме и живееме во оваа ера. Во таа насока на овој настан учесниците на овој хакатон ќе развиваат веб апликации на општествени теми.

На овој едно-дневен настан се поканети сите кои имаат познавање од програмирање, веб-дизајн, веб-програмирање или се студенти по компјутерски науки.

Бројот на учесници е ограничен на 30, за да пријавите учество Ве молиме пополнете го следниот онлајн-формулар.

Учесниците може, но не мораат, да понесат лаптоп. За сите дополнителни информации може да се обратите до Адријана Селмани, по е-пошта на:  adrijana@metamorphosis.org.