По повод 10-ти декември, денот на човековите права, правната програма на Фондацијата отворено општество – Македонија (ФООМ), во соработка со Метаморфозис, Фондација за интернет и општество, во среда, 11 декември 2013 година, во ГЕМ клубот, со почеток во 10.30 часот, ќе одржи прес конференција за новинари на која ќе ја промовира бесплатната е-платформа за испраќање на барања за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

На прес конференцијата ќе ве информираме за можностите на сервисот „Слободен пристап“ (www.slobodenpristap.mk) преку кој граѓаните ќе можат да остварат брз и лесен пристап до информациите од јавен карактер. При тоа, барањата за пристап, заедно со одговорите од институциите се архивираат јавно и ќе бидат достапни онлајн, на веб-страницата на сервисот. На тој начин, сервисот „Слободен пристап“ станува корисна алатка за граѓаните, но и можност за промоција на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

На прес конференцијата ќе бидат прикажани можностите кои ги нуди овој сервис и начинот на кој граѓаните, вклучително и новинарите, ќе можат да го употребуваат во постапката за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Извор: spinfo.org.mk „Покана за прес-конференција: Промоција на бесплатна е-платформа за слободен пристап до информации од јавен карактер“

 

Сподели: