Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис има чест да Ве покани да земете учество на работилницата „Разбирање на слободата на изразување онлајн и офлајн“ која ќе се одржи на 12 април 2018. година во Клубот на новинари во Скопје.

Работилницата ќе биде посветена на претставување на основните концепти поврзани со слободата на изразување како и актуелните и релевантните стандарди на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на слободата на изразување на и вон интернет.

Во рамки на настанот, Ве покануваме да земете учество во дискусијата на тема како прашањата и поимите поврзани со слободата на изразување да станат поблиски до корисниците на интернет, а особено до новинарите и активистите кои се залагаат за заштита на оваа слобода, со особен акцент на подигање на јавната свест за меѓународните правни стандарди кои може да се применат на ситуации од секојдневието.

Основа за работилницата е публикацијата „Први чекори во разбирањето на слободата на изразување онлајн и офлајн“ чија подготовка е поддржана од страна на Иницијативата за владеење на правото при Американска адвокатска комора (АБА РОЛИ) и Стејт департментот како дел од Проектот за Интернет слобода во Источна Европа и Евроазија, како и од Асоцијацијата за прогресивни комуникации како дел од проектот Унапредување, обликување и поддржување на слободите на интернет. Публикацијата е достапна на македонски и албански јазик преку следните линкови:

Работни јазици на настанот ќе бидат македонски и албански, со обезбеден симултан превод.

Заради ограничениот број на места Ве молиме Вашето учество или учеството на претставник на Вашата институција/организација да го потврдите најдоцна до вторник, 10 април 2018. година до 17 часот преку пополнување на формуларот за регистрација подолу, по е-пошта на contact@metamorphosis.org.mk, или по телефон на 02/3109-325 (лице за контакт Горан Ризаов).

 

Нацрт-агенда за работилница
„Разбирање на слободата на изразување онлајн и офлајн“

12 април 2018. година
Клуб на новинари, Скопје

 

12:00-12:15 Пристигнување и регистрација на учесниците
12:15-12:30 Воведна сесија

  • Претставување на проектот за Интернет слобода во Источна Европа и Евроазија
  • Претставување на публикацијата „Разбирање на слободата на изразување онлајн и офлајн“
12:30-13:30 Дискусија на темите

  • Искуствата од Македонија поврзани со остварување на слободата на изразување, заштитата на приватноста и авторските права
  • Судската пракса во Македонија за случаи поврзани со интернет
  • Како да се подигне јавната свест за човековите права онлајн во Македонија?
13:30-14:00 Заклучоци и препораки
14:00-15:00 Коктел

 

Сподели: