Мени

Покана за Tech4Good конференција во Тирана „Клауд технологијата ги помага општествата“

Фондацијата Метаморфозис, заедно со локалната канцеларија на Microsoft, го организира Microsoft Tech4Good денот наменет за граѓанскиот сектор – „Клауд технологијата ги помага општествата“.

Настанот ќе се одржи на 7 март 2017, во просториите на непрофитната организација „Ofiçina“ (адреса: улица „Asim Vokshi“ , близу Институтот „Harry T. Fultz“, Тирана) во Тирана, со почеток во 10:00 часот.

Овој настан ќе им овозможи на претставниците на граѓанскиот сектор да дознаат повеќе за можноста да добијат софтверски донации како и донации на платформата Microsoft Azure во вредност од 5000 американски долари која е дел од програмата на Microsoft за поддршка на граѓанскиот сектор, спроведувана во Македонија од страна на Метаморфозис преку платформата Techsoup Balkans.

Учесниците на овој настан ќе имаат можност да слушнат за предизвиците со кои се соочуваат непрофитните организации и за добрите примери како технологијата им помага на непрофитните организации да работат полесно и побрзо да ја спроведат својата мисија. Ова ќе биде презентирано од страна на непрофитните организации од Косово кои за првпат ја користат оваа технологија. Со помошта на TechSoup Balkans, технологијата повеќе не претставува предизвик за ниедна организација. Ве покануваме да слушнете за најновите одлики на платформата Microsoft Office 365, која можете да ја добиете бесплатно, и исто така за можноста која им се нуди на квалификуваните непрофитни организации во Албанија да добијат донација на Microsoft Azure во вредност од 5000 американски долари.

Понатаму, ќе имате можност да ги презентирате предизвиците со кои се соочувате како непрофитна организација а потоа заедно ќе продискутираме како технологијата ќе ви помогне да ја подобрите својата работа и да го постигнете вашиот потенцијал.

Ако сакате да сте дел од овој настан, пополнете го формуларот за пријавување најдоцна до 6 март 2017, до 16:00 часот.

Хаштагот за настанот е #Tech4Good

За какви било дополнителни информации, пратете имејл на adrijana@metamorphosis.org.mk, лице за контакт Адријана Селмани.

Во прилог е агендата за настанот:

АГЕНДА