Фондацијата Метаморфозис, заедно со локалната канцеларија на „Microsoft“, го организираат денот на Microsoft посветен на граѓанскиот сектор – „Технологијата во облак (cloud) го помага општеството“. Настанот ќе се одржи на 16 мај (вторник), во просториите на Конгресниот центар на Скопски саем, Бизнис сала со почеток од 10:00 часот.

Настанот ќе им овозможи на претставниците од граѓанскиот сектор да научат повеќе за можностите како да добијат софтверски донации и донација во вредност од 5000 долари на „Microsoft Azure“ од програмата на „Microsoft“ за поддршка на граѓанскиот сектор, која во Македонија и Балканот се спроведува од страна на Фондацијата Метаморфозис, преку платформата Теchsoup Balkans.

На овој настан ќе имате можност да научите повеќе за предизвиците со кои се соочуваат невладините организации во Македонија и добрите примери за тоа како технологијата им овозможува на невладините организации да ги спроведуваат работните обврски на полесен начин и да ја исполнат својата мисија. Овие примери ќе ги презентираат организации од Македонија кои за првпат добија дониран софтвер.

Технологијата не е повеќе предизвик за ниту една организација со помошта TechSoup Balkans. Ве покануваме да ги дознаете новостите кои ги нуди платформата „Microsoft Office 365“, која може да ја добиете бесплатно, и за можностите кои им се нудат на НВО-и во Македонија, а кои ги исполнуваат условите за добивање донација на „Microsoft Azure“ во вредност од 5000 долари.

Исто така ќе имате можност да ги презентирате предизвиците со кои се соочува вашата организација, за кои заедно може да дискутираме како технологијата може да ви помогне да го подобрите вашето работење и да го постигнете вашиот потенцијал.

За да пријавите учество ве молиме пополнете го овој онлајн формулар, најдоцна до 14 мај до 17:00 часот.

За учесниците од други градови, ќе биде обезбедено покривање на патните трошоци во висина на повратен автобуски билет.

Хаштаг за настанот е: #Tech4Good

Доколку имате дополнителни прашања, слободно можете да ни се обратите на следната и-мејл адреса: adrijana@metamorphosis.org.mk, лице за контакт Адријана Селмани.

Во продолжение на оваа покана ви ја доставуваме и агендата за настанот.

АГЕНДА

АГЕНДА

Сподели: