Мени

Потпишан Меморандум за соработка меѓу владата и фондацијата „Метаморфозис“ за стратегија за транспарентност

Извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари на потпишувањето на меморандумот за соработка во Владата на Република Северна Македонија

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На 16 април 2019 година, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски и извршниот директор на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Бардил Јашари, потпишаа меморандум за соработка за подготовка на Стратегија за транспарентност на Владата.

Стратегијата ќе биде резултат на регионалниот проект ACTION SEE, спроведен од „Метаморфозис“ и поддржан од Европската Унија, чија цел е да се воспостават добрите практики за транспарентност и отчетност во сите институции. Стратегијата за транспарентност на Владата ќе послужи како механизам за поврзување и усогласување на сите досега донесени стратешки документи и законски и подзаконски решенија кои на директен или индиректен начин целат кон подобрувањето на транспарентноста на владините институции и ќе ја нагласи нивната обврска за транспарентност. Одлуката за подготовка на ова Стратегија e донесена на 126-та редовна седница на Владата.

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски на потпишувањето на меморандумот за соработка во Владата на Република Северна Македонија

Во тек е формирањето на работната група во чиј состав ќе учествуваат претставници од владини институции и од граѓанскиот сектор, со цел на ефективен начин да се искористат капацитетите и искуствата на сите чинители. Првиот состанок на работната група ќе се одржи меѓу 6-10 мај.