Obuka 1

Што се Отворени податоци, како да ги лоцирате, преземете, анализирате и визуелизирате преку интерактивни веб-алатки и како да ја поткрепите вашата работа со докази врз база на точни статистички податоци. Ова се само дел од прашањата кои ќе бидат одговорени на обуката за новинарство засновано на податоци, што ќе се одржи на 28 и 29 ноември во Скопје, од 10 до 16 часот во просториите на Coffice.

Обуката ќе се одржува на англиски јазик, а тренер ќе биде Марко Тулио Пирес, програмски менаџер на School of Data во рамките на Open Knowledge Foundation. Сите заинтересирани треба да го пополнат следниот формулар.

Обуката ја организира Фондацијата Метаморфозис во соработка со Open Knowledge Foundation во рамки на проектот Мрежа на граѓански организации за отворени податоци, со поддршка од Британската амбасада во Скопје.

Целта на проектот е преку формирање на Школа за податоци – Македонија да ги поттикне граѓанските организации, медиумите и индивидуите кои поттикнуваат промени, да ги разберат и користат официјалните владини и другите отворени податоци со цел зголемување на одговорноста на владата, подобрување на испораката и услугите и зголемување на граѓанското учество во креирањето на политиките.

Сподели: