Мени

Повик за ангажирање новинар/ка за „Мета.мк“

 

Бараме новинар/ка со доволно ентузијазам и упорност кој/а сака, преку својата работа да даде свежа перспектива на настаните и случувањата во Македонија и да експериментира со нови начини на презентација на содржини на интернет.

Пожелно е кандидатите да имаат искуство во новинарството, но тоа не е одлучувачки фактор. Поважно е да изнаоѓаат нови иновативни начини на обработка и презентација на темите, да сакаат да научат новинарство базирано на податоци и подготовка и продукција на визуелизации на податоци и да користат нови начини на вклучување на публиката.

Новинарот/ката ќе се приклучи на тимот на новинари во новинската агенција „Мета.мк“ на определено време со можност за продолжување на договорот.

Кандидатите треба да испратат CV и кратко мотивациско писмо во електронска форма на konkurs@meta.mk најдоцна до 15.03.2019.

 

Фондацијата Метаморфозис верува дека преку истакнување на посветеноста кон родовата еднаквост се зголемува делотворноста на проектите до максималното ниво, се јакне организацијата, се подобруваат програмските ресурси и координацијата со внатрешните и надворешните партнери. Во Метаморфозис се грижиме за целосна усогласеност со националните закони и политики поврзани со родот и трудот, родова еднаквост во пристапот до можности за обуки, образование, учество во процесот на носење одлуки и придонесите од жените и од мажите да бидат видливи и вреднувани.