Во рамките на проектот е предвидена изработка на следните изданија

  • постер
  • флаер
  • брошура: Прирачник за комисиите за односи со заедниците
  • брошура: Препораки од конференција

Комисиите за односи со граѓаните (КОЗ) се општински советодавни тела составени од претставници на сите етнички заедници кои живеат во локалната самоуправа. Повеќе информации за проектот има на веб-адресата http://mek.mk.

Од подизведувачот се очекува да го најави интересот за учество и до 1 јуни 2010 година во 9 часот по е-пошта да поднесе

  • понуда за дизајн до ниво на подготовка за печатење на горенаведените изданија со вкупна сума без ДДВ, заедно со
  • скица за лого (една или повеќе варијанти).

Изгледот на логото и избраната шема на бои која ќе се применува во сите понатамошни изданија треба да ја одразува содржината на проектот, како и фактот дека е дел од напорите за интегрирање на Македонија во ЕУ (со следење на насоките за видливост на ЕУ). Критериуми за избор на најповолен понудувач се финасиските услови и изгледот на предложените графички решенија.

Обем и карактеристики на печатените изданија

  • Сите изданија ќе содржат текст на 7 јазици кои се зборуваат во Македонија, доставен во целост од страна на нарачателот.
  • Постерот и флаерот ќе бидат во 4 бои и ќе содржат најосновни информации за проектот и неговиот веб-сајт со цел промоција во општините во кои ќе се изведува.
  • Брошурата – Прирачник ќе има среден или мал формат, со вкупен обем до околу 166 страници (пример во ПДФ)
  • Брошурата со препораки од конференцијата ќе биде во мал формат, со вкупен обем од околу 32 страници (пример во ПДФ)

Печатењето на изданијата ќе биде нарачано преку дополнителна посебна постапка.

Тимот на Метаморфозис е на располагање за дополнителни консултации со потенцијалните понудувачи во врска со проектот. Кандидатите се поканети да го најават својот интерес за учество на повикот и пред испраќањето на конечната понуда.

Лице за контакт
Филип Стојановски
е-пошта: filip@metamorphosis.org.mk
телефон: 02/3109 325 или 075 495 306

Сподели: