Мени

Повик за избор на експерт-истражувач во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медумска умешност – КриТинк“

1. Цел на повикот

Проектот „Со критичко мислење до граѓани со медумска умешност – КриТинк “  Critical Thinking for Mediawise Citizens – CriThink – IPA/2017/393-851, види повеќе во поглавје 6 подолу), имплементиран од Фондација за интернет и општество Метаморфозис и ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии, објавува повик за избор на еден/на истражувач/ка кој/а во соработка со и во според насоки на проектниот тим ќе спроведе низа активности (види дел 3 подолу) поврзани сo канцелариско и теренско истражување, пишување на аналитички извештај и застапување на тема способност за критичко мислење и медиумска умешност кај младите. Резултат на активностите е да се направи студија за јавни политики, базирана на докази, која ќе претставува основа за давање препораки за видот на интервенција потребен во политиките кои ја тангираат способноста на јавноста да се справи со медиумски манипулации, пропаганда, лажни вести, и поврзани појави.

2. Опсег на повикот

Повикот е наменет за поединци (физички лица), државјани на државaта на спроведување на активностите, со најмалку три години работно искуство во спроведување истражувачки активности од областа на општествените науки. Минималното ниво на образование на кандидатите е високо (завршен седми степен). Услов е и одлично познавање на англискиот јазик. Предност имаат млади истражувачи, докторанти односно напредни постдипломски студенти. Предност е и поседувањетпо искуство во истражување на политики (policy research).

3. Спроведување на активностите

Од избраниот кандидат ќе се очекува активностите да ги спроведува во соработка со и според насоки на проектниот тим, според работен план кој индикативно вклучува:

  • Канцелариско истражување и развој на прашалник за теренско истражување (20 дена)
  • Организација, спроведување, кодирање и анализа на интервјуа (10 дена)
  • Дизајн, спроведување и анализа на три фокус групи (20 дена)
  • Спроведување на теренска анкета со припадници на целната група (30 дена)
  • Организација на и учество во активности поврзани со застапување (10 дена)
  • Пишување на студија (10 дена)

Вкупниот број на работни денови изнесува сто (100). За секој работен ден е предвиден надоместок од 60 евра во бруто износ кои ќе бидат исплатени во денарска противредност, според курсот на проектот.

Вкупната временска рамка за спроведување на активностите е 10 месеци, од 1 март до 31 декември.

4. Рокови, динамика и услови

Рокот за пријавување на кандидат(к)итe е 23 февруари 2018 година, во 12 часот. Најдобро рангираните кандидати ќе бидат известени за интервју со проектниот тим најдоцна до 26 февруари 2018 година. Избраниот кандидат ќе биде поканет да потпише договор за регулирање на меѓусебните обврски со проектот најдоцна до 28 февруари 2018 година. Од избраниот кандидат ќе се очекува да биде на располагање за спроведување на активностите веднаш по потпишување на договорот. Во времетраењето на активностите, проектот ќе овозможат просторни услови и ресурси за непречена работа за избраниот кандидат. Вкупниот број на работни денови изнесува сто (100). За секој работен ден е предвиден надоместок од 60 евра во бруто износ кои ќе бидат исплатени во денарска противредност, според курсот на проектот.

5. Начин на пријавување и избор

Документите за пријавување (Мотивациско писмо и Биографија/Резиме)  треба да се достават исклучиво во електронска форма на info@eurothink.mk со назнака: CriThink RESEARCHER,  најдоцна до23 февруари 2018 година, во 12 часот. Во мотивациското писмо треба да бидат наведени контакт податоци.

За позицијата ќе биде избран кандидат според следните критериуми:

Искуство во спроведување на истражувачки проекти од областа на општествените науки

Квалитет на општата биографија

Резултати од интервјуто

Целиот повик можете да го погледнете на следниов линк.