Мени

Повик за учество на обуки „Борба против говор на омраза на Интернет“

Фондацијата Метаморфозис објавува отворен повик за пријавување на учесници на обуки за борба против говор на омраза на Интернет. Учесниците на обуките ќе имаат можност да се стекнат со знаења за препознавање на говорот на омраза, технички вештини за спротивставување на таа појава, како и вештини за презентација и пренесување знаења.

image gallery

Обуките се отворени за сите граѓани на РМ заинтересирани стекнатите знаења и вештини да ги применуваат и шират/споделуваат во своите заедници, работни организации и здруженија.

Особено добредојдени се блогери и редовни корисници на социјалните медиуми Фејсбук и Твитер, граѓански активисти, наставници и новинари – но и сите други луѓе заинтересирани за унапредување на слободата на изразување на интернет.

Предуслов:  Основни познавања за Интернет и користење барем една социјална мрежа.

Распоредот на обуките ќе биде утврден во зависност од бројот и географската распределба на заинтересираните учесници. Учеството е бесплатно и секој од учесниците ќе може практично да ги примени теоретските знаења пренесени во текот на обуката, преку вежби и примери.

За дополнителни информации и прашања обратете се до Дона Џамбаска, на dona@metamorphosis.org.mk или телефон: 02 3109 325 и 070 956 534

Рокот за пријавување е 16.12.2013 (Пријавувањето е завршено).