Мени

Повик за учество на обука „Борба против говор на омраза на Интернет“

Фондацијата Метаморфозис објавува отворен повик за пријавување на учесници на обукa против говор на омраза на Интернет, која ќе се одржи ќе се одржи во четврток, 27 февруари 2014 година во ГЕМ-клубот во Скопје, со почеток од 10:30 часот. 

Учесниците на обуката ќе имаат можност да се стекнат со знаења за препознавање на говорот на омраза, технички вештини за спротивставување на таа појава, како и вештини за презентација и пренесување знаења.

Обуката е отворена за сите граѓани на РМ заинтересирани стекнатите знаења и вештини да ги применуваат и шират/споделуваат во своите заедници, работни организации и здруженија. 

Особено добредојдени се блогери и редовни корисници на социјалните медиуми Фејсбук и Твитер, граѓански активисти, наставници и новинари – но и сите други луѓе заинтересирани за унапредување на слободата на изразување на интернет.

Учеството е бесплатно и секој од учесниците ќе може практично да ги примени теоретските знаења пренесени во текот на обуката, преку вежби и примери, а за учесниците кои живеат надвор од Скопје ќе биде обезбедено покривање патни трошоци во висина на автобуски билет

Бројот на места е ограничен, рокот за пријавување е до петок (21.02.2014).

За пријавување пополнете го веб-формуларот на крајот од написов.

За дополнителни информации и прашања обратете се до Темјана Поповска, наtemjana@metamorphosis.org.mk или телефон: 02 3109 325 и 076360493.

Обуката е дел од иницијативата за борба против говор на омраза на Интернет, покрената од Метаморфозис, МОФ, Реактор и Центар за нови медиуми, за која може повеќе да дознаете преку:


Нацрт-агенда на обуката
10:30-11:00 Пристигнување и претставување на учесниците. 
11:00-13:00 Вовед: Препознавање на говор на омраза. Законски механизми 
13:00-14:00 Пауза за ручек
14:00-14:30 Механизми за пријавување говор на омраза на социјалните мрежи 
14:30-15:00 Презентациски вештини за пренесување знаења за говор на омраза 
15:00-16:00 Завршна сесија: Дискусија за наредни чекори

Пополнете го веб формуларот за пријава за учество.