fb cover-01Во рамки на проектот Д.А.Т.А – Анализа на податоци за транспарентност и отчетност (D.A.T.A. – Data Analytics for Transparency and Accountability), Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ организира обука за анализа и визуелизација на податоци. Обуката ќе се одржи на 21 и 22 јуни 2018 година во ГЕМ клуб во кафе бар „Менада“, Стара Чаршија, Скопје.

Сите заинтересирани новинари и претставници на граѓанскиот сектор можат да се пријават со пополнување на следниот формулар најдоцна до 18.06.2018 година: https://goo.gl/forms/UvbCIbAMGx9UxDVE3

Деталната агенда за обуката можете да ја најдете на следиот линк.

Напомена:

  • Бројот на учесници е ограничен
  • Потребно е учесниците да си понесат лаптоп
  • Со пополнување на формуларот учесниците се согласуваат да присуствуваат за целото времетраење на обуката

За повеќе информации околу обуката:
мејл: data@metamorphosis.org.mk или на тел: 02 3109 325

Сподели: