fnf

По повод меѓународната иницијатива „Слобода наместо страв – меѓународни денови на акција“, Фондацијата Метаморфозис во партнерство со коалицијата Граѓаните за Македонија ќе организира повеќе активности меѓу кои и работилница на тема безбедно користење на мобилни телефони.

Работилницата ќе се одржи во понеделник, на 19 октомври во просториите на ГЕМ клубот, од 14 до 16 часот, а тренер ќе биде Предраг Тасевски, основач на cybersecurity.mk. Местата за посетители на работилницата се ограничени, па поради тоа оние што сакаат да учествуваат треба се пријават на следниот формулар најдоцна до 16 октомври, петок, до 14 часот.

Пред самата обука, истиот ден, на 19 октомври, од 11 до 13:30 часот во ГЕМ клубот ќе се одржи и трибина на тема безбедност на комуникации и закани од следење и надзор на комуникациите.

Иницијативата (www.freedomnotfear.org), благодарение на Фондацијата Метаморфозис, е присутна во Македонија од 2008 година, а оваа 2015 година како партнер се вклучува и коалицијата „Граѓаните за Македонија“.

Бидејќи темата безбедност на комуникациите и заканите од следење, прислушување и надзор на комуникациите е мошне актуелна во Македонија, сметаме дека вашата поддршка и вклученост во активностите е од големо значење. Стравот од надзор не смее да надвладее над слободата на говор.

Сподели: