Мени

Предавање и работилница за зелени технологии на УИНТ

uist-green-computing-1

На предавањето пред студентите беа презентирани различни прашања во однос на управувањето со е-отпадот, како технологијата влијае врз животната средина, што тие може да сторат за намалување и спречување на создавање отпад настанат поради развојот на технологијата и како клауд-компјутингот помага за зачувување на животната средина и го подобрува функционирањето на општеството.

uist-green-computing-2

Предавањето беше мотивирано од неодамнешното стапување во сила на Законот за управување со електрична и електронска опрема, а со цел да се информираат студентите за нивните обврски кон правилно третирање на е-отпадот. Дополнително, студентите имаа можност да се запознаат со сите „зелени“ практики кои тие може да ги применуваат при планирање и создавање на идни (информатички) системи.

Информации за Законот за управување со електрична и електронска опрема, како и ресурси за справување со е-отпад, може да најдете на веб-локацијата www.e-otpad.mk.