На 26.01.2016 година (вторник), со почеток во 11.00 часот, во Центарот за конференции и студии при Националната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски – Скопје, ќе се одржи едночасовна презентација на Анализа на законската рамка за образование и можностите за вклучување на отворените образовни ресурси.

Ве молиме да го регистрирате вашето присуство на настанот преку пополнување на формуларот за регистрација најдоцна до 10.00 часот, 25.01.2016 година.

Оваа анализа е мотивирана од неколкугодишната работа на полето на отворени образовни ресурси и препораките добиени од работната група за отворени образовни ресурси составена од членовите на Алијансата за ООР. Анализата го опфаќа законот за основно образование, закон за средно образование, закон за учебници за основно и средно образование, закон за авторско право и сродни права, а овозможува согледување на состојбите, изведување заклучоци и препораки за можно регулирање на отворените образовни ресурси во овие закони.

Сподели: