На 6-ти март се одржа презентација на Вториот периодичен мониторинг извештај во рамките на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“.

Овој извештај се занимава со набљудување на имплементацијата на Итните реформски приоритети (ИРП) поставени од ЕУ во делот Слобода на изразување и следи четири области:

  • Реформи во јавниот радиодифузен сервис;
  • Владини реклами;
  • Пристап до информации од јавен карактер;
  • Клевета и навреда.

OMR1_vtor_periodicen2

На презентацијата говореа: Фисник Шабани од „Агора“- центар за промовирање на граѓански вредности се осврна на самата методологија за следење на процесите, а Филип Стојановски од Фондација „Метаморфозис“ ги презентираше наодите од Вториот мониторинг извештај. Кристина Озимец од ПИНА-платформа за истражувачко новинарство, споделувајќи ги искуствата при работењето на истражувачки стории истакна дека има некои подобрувања, но дека сѐ уште има простор за подобрување. Таа предложи Централниот регистар да ја надгради својата онлајн апликација за новинарите да можат така да пристапуваат не трошејќи време и пари да се појават лично на шалтерите. Зоран Фиданоски, претставник на Советот од ААВМУ нагласи дека со дел од оценките во извештајот се согласува, но дека ги очекува најавените промени во насока на остварување на овие реформи. Тој не се согласува со оценката за Клевета и навреда дека нема никакви подобрувања, бидејќи бројката во судовите е значително намалена каде се новинарите тужени по овој основ. Дополнително тој го постави прашањето и за начинот како и во кои делови ќе се менува Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и праша дали се предвидува казнена мерка за функционер кој свесно ќе одолговлекува или ќе молчи по новинарско барање за пристап до информации од јавен карактер. Дејан Георгиевски од Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) дискутираше за состојбите со медиумиската легислатива. Во врска со реформите во јавниот радиодифузен сервис кажа дека за нив е потребно и повеќе време и повеќе ресурси. Георгиевски истакна дека на земјата и‘ е потребен одржлив медиумски систем кој ќе може САМ да се развива без субвенции. Тој смета дека динамиката со која се спроведуваат реформите не е со очекуваната брзина.

OMR1_vtor_periodicen4

Модератор на настанот беше координаторот на проектот Зоран Андоновски уредник на агенцијата Мета.мк.

Следниот периодичен извештај ќе го следи спроведувањето на реформите во јануари, февруари и март 2018 и се очекува да биде објавен во средината на април 2018.

Комплетниот мониторинг извештај е достапен на следниов линк.

Сподели: