Мени

Презентација за отворен пристап на Њујорк универзитет Скопје

Презентацијата беше одржана како дел од активностите на проектот Иницијатива за отворен пристап во Македонија, кои опфаќаат јакнење на јавната свест кај академските граѓани за предностите и можностите кои се нудат со учеството во ова светско движење, како предуслов за користење на локализираните верзии на софтверот Диспејс.

Учесниците на презентацијата во најголем дел беа постдипломци кои го изучуваат предметот „Дигитални медиуми и сајберкултура“ под водство на проф. д-р Дона Колар-Панов. Во дискусијата што следуваше стана збор и за општото ниво на научна продукција во Македонија, како и за правните рамки кои се ползуваат како дел од отворениот пристап, особено во контекст на тековниот процес на донесување на нов Закон за авторски права.

Оваа презентација се надоврза на низата презентации одржани на неколку државни и приватни универзитети во земјата.