На 11 јануари 2007 година во амфитеатарот на Тетовскиот Универзитет се одржа презентација за Електронски информации за библиотеки (eIFL). Презентацијата ја водеше Јорданка Петрушевска од Фондацијата Метаморфозис.

Присутните се запознаа со можностите и придобивките од пребарувањето низ базите на научни трудови EBSCO, начинот на добивање на пристап до овие бази, како и станување член на македонскиот национален конзорциум МЕБ (Македонски Електронски Библиотеки).

Пристапот до базите на EBSCO е овозможен за сите градски, национални, универзитетски библиотеки, институции кои се занимаваат со истражувачка работа како и НВОи кои нудат јавно достапни содржини. Од оваа 2007 година, освен пристап до базите на EBSCO, овозможен е пристап и до базите на Cambridge University Press (CUP), Oxford University Press (OUP) и SAGE.

Сподели: