Digital-born Media Carnival е настан кој ќе се одржи од 14 до 18 јули во Котор, Црна Гора. Конференцијата е заедничка иницијатива на Фондацијата SHARE, Мисијата на ОБСЕ во Србија и Министерството за надворешни работи на Холандија, со поддршка на Канцеларијата на ОБСЕ за слобода на медиумите.

Digital-born Media Carnival ќе биде настанот на кој ќе се соберат повеќе од 100 претставници на онлајн медиумите, инфо-истражувачи и ентузијасти за дигитални права. Главните теми на конференцијата се лажни вести, етика, одржливост, бизнис модели, креативност, иновативност во известувањето, онлајн медиумскиот пазар, надзор (на електронските комуникации), приватност, поствистина итн.

Настанот е наменет за претставниците на онлајн медиумите, новинари, уметници, блогери, граѓански новинари, хактивисти и активисти, медиумски и IT правници и застапници, поборници за човековите права, нови стартап компании во медиумската сфера, академски претставници и истражувачи.

Пријавете се на следнава врска: http://www.shareconference.net/carnival/

Рокот за аплицирање е 1 јуни 2017. Доколку имате прашања, слободно контактирајте нè на carnival@sharedefense.org.

Сподели: