Метаморфозис ги повикува заинтересираните кандидати од Македонија да пријавуваат свои апликации за мобилни телефони, кои може да бидат номинирани за учество на Наградата на Светскиот самит за мобилни апликации.

Моментално, во тек се националните селекции за Наградата на Светскиот самит за мобилни апликации кој ги избира и промовира светски најдобрите мобилни содржини и иновативни апликации. Ова издание се базира на експертизата, механизмите и мрежата на Наградата на светскиот самит која се одржува на секои две години.

Кандидатите можат да пријавуваат апликации во следниве категории:

  • Владино и граѓанско учество
    услуги | отворени податоци | демократско учество
  • Здравје и добросостојба
    здравствена грижа | спорт | животен стил
  • Учење и образование
    знаење | наука | вештини
  • Животна средина и зелена енергија
    клима | одржливи ресурси | земјоделие
  • Култура и туризам
    наследство | забава | суб култури
  • Паметни населби и урбанизација
    мобилност | работа | одржливо живеење
  • Бизнис и комерција
    иновациски сервиси | безбедност | финансии | маркетинг
  • Инклузија и еманципација
    диверзитет | род | правда | човечки права

Повеќе за категориите може да прочитате тука

Пријавените апликации ќе се оценуваат според следните критериуми:

  1. Квалитет и опсежност на содржината
  2. Леснотија при користење на мал екран: навигација и ориентација
  3. Квалитет на дизајнот: естетска вредност на применетата графика, музика и звуци
  4. Опсег на функционалности
  5. Технички квалитети: изведба, мајсторство, стабилност

Дополнително, апликациите треба да се од стратешка важност за развојот на едно квалитетно информатичко општество, а истовремено да се финансиски пристапни за целната група на која се наменети.

При аплицирањето, кандидатите треба да испратат краток опис на апликацијата, слики фатени од процесот на нејзината работа, како и информации за начинот на преземање и платформата за која се развиени.

Ги повикуваме сите ентузијасти кои сакаат да добијат можност за учество на Наградата на Светскиот самит за мобилни апликации да ги испратат потребните содржини и информации за контакт на bardhyl_AT_metamorphosis.org.mk.

Крајниот рок за пријавување е 15 септември, 2016 г.

Сподели: