Продолжениот рок за аплицирање е 12.04.2015!

Откако повикот за стипендии беше затворен, дојдовме до заклучок дека во Македонија повеќе би ни одговарала малку поинаку структурирана стипендија од онаа која „Школа за податоци“ (School of Data) ќе ја спроведува оваа година во другите делови на светот.

Имено, би сакале стипендистот да биде во состојба да се посвети целосно со полно работно време на Школата за податоци – Македонија, со што ќе ја поддржи работата на „Метаморфозис“, како и да се посвети на зајакнувањето на писменоста на заедницата во однос на податоците. Би било некоректно да очекуваме дека тие што веќе аплицираа за стипендијата, а можат да посветат само половина работно време, ќе се посветат со целосно работно време. Поради тоа, повикот за аплицирање е сега повторно отворен за оние кои се заинтересирани да посветат целосно работно време, да имаат шанса да аплицираат.

Оние кои веќе аплицирале, ќе бидат контактирани, за последен пат да се разгледа шансата за посветување на целосно работно време на стипендијата.

Споделете го овој повик со сите што ги познавате, а кои ја разбираат моќта на податоците. Најсоодветни се луѓе со технички познавања и образование, кои се заинтересирани да ги споделат своите искуства и знаења со заедницата. Оној кој ќе ја добие стипендијата, ќе го поддржиме во споделувањето на вештини со активисти, граѓанското општество и новинарите, за истите да можат да стекнат вештини кои ќе им помогнат во употребата на податоците како начин на подобрување на својата работа.

За повеќе детали, прочитајте го целосниот повик објавен од програмата „Школа на податоци“ (School of Data) на Open Knowledge Foundation објавена тука.

Сподели: