usaid-cep-logo-mk

Партнерски грантови

Проектот на УСАИД за граѓанско учество поканува мрежи на граѓански организации во Македонија да аплицираат за Партнерски грантови. Мрежи на граѓански организации вклучуваат законски регистрирани или нерегистрани граѓански коалиции, платформи, мрежи и сојузи кои имаат повеќе од пет членови.

Проектот за граѓанско учество е петгодишна програма финансирана од УСАИД, која придонесува во постигнувањето на две цели: (1) засилено влијание на граѓанските организации врз политиките и програмите поврзани со приоритетни прашања за граѓаните; и (2) зголеменo и одржливо учество на младите во јавниот живот во Македонија. Партнерските грантови ќе бидат раководени од Метаморфозис.

Целта на Партнерските грантови е да ги поддржи мрежите на граѓански организации да: (I) станат лидери во обликувањето и во конструктивното ангажирање за проблеми од јавен интерес; (II) подобрат нивните капацитети за ангажирање граѓани, медиуми, владини институции и други чинители за унапредување на јавниот добробит; и (III) зајакнување на нивните институционални капацитети.

Проектот за граѓанско учество ќе додели најмногу (2) гранта преку ова барање за апликации. Максималниот износ на еден грант за секој предлог е 120,000 USD, и се однесува на активности кои ќе траат до 3 години. Проектот го задржува правото да финансира која било или ниту една од поднесените апликации.

Активностите може да вклучат:

  • Застапување, мониторинг, анализа на јавни политики и иницијативи за јавно образование во следниве области: добро владеење, подобрување на јавните услуги, владеење на правото, антикорупција, човекови права, економски раст, овозможувачка средина за бизнис и мониторинг и надзор на јавните институции; и
  • Активностите за развој на капацитетите на мрежите на граѓански организации кои можат да вклучат воспоставување и давање членски услуги на членовите на мрежата на граѓански организации; проширување на мрежите на граѓански организации со разни чинители вклучувајќи и граѓански организации од регионот, граѓански организации кои претставуваат социјално исклучени групи или/и приватниот сектор, медиумите, како и академски/научно-образовни институции; работејќи постојано, упорно и креативно во насока на ангажирање на граѓаните и разните поддржувачи, т.е., медиумите, приватниот сектор, и Владата, во сите аспекти од работата на мрежите на граѓански организации; и зајакнување на вмрежувањето на мрежите на граѓански организации со релевантни чинители од југоисточна Европа и пошироко.

Следете ги врските за да ги симнете целосното барање за апликации, формуларот за аплицирање и буџетскиот образец за партнерски грантови, или пишете ѝ на Гордана Мирчиќ на gmirchikj@ewmi.org.

  1. Објава за барање на апликации (.pdf)
  2. Целосно барање за апликации (.pdf)
  3. Формулар за аплицирање (.docx.)
  4. Буџетскиот образец (.xlsx)
  5. Појаснување на барањето за апликации (.pdf)

РОКОТ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊАТА Е 23 ДЕКЕМВРИ 2016 ГОДИНА ДО 16:30 ЧАСОТ


 

Појаснување на барањето за апликации

Прашање 1: Дали странска организација која има регистрирана филијала во Македонија може да биде водечка организација или организација координатор за нерегистрираните мрежи на ГОи?
Одговор 1: Проектот за граѓанско учество на УСАИД (ПГУ) и барањето за апликации за Партнерски грантови таргетираат македонски мрежи на ГОи и ГОи, вторите се координативното тело за нерегистрирани мрежи на ГОи. За македонска граѓанска организација се смета онаа граѓанска организација во која мнозинството од членовите на управното тело го сочинуваат македонски граѓани или постојани жители на Македонија со законски регулиран статус.

Прашање 2: Дали ГОи кои аплицираат во име на нерегистрирана мрежа на ГОи а ќе раководи со грантот доколку е одберена, ќе можат да аплицираат и за други грантови шеми во рамките на Проектот за граѓанско учество на УСАИД?
Одговор 2: Сите членки на одредена мрежа на ГОи кои ќе добијат Партнерски грантови ќе можат да аплицираат за други грантови програми во рамки на ПГУ.

Прашање 3: Како членки на мрежата моментално имаме три македонски граѓански организации. Дали може да вклучиме повеќе македонски ГОи во Меморандумот за разбирање како што е наведено во Вашето барање за апликации?
Одговор 3: Проектот ќе даде приоритет на мрежите на ГОи кои имаат пет или повеќе членки кои се имаат докажано при учество во заеднички акции најмалку во последните три години. Штом Вашата мрежа има три македонски ГОи, Вие можете да вклучите повеќе ГОи во Меморандумот за разбирање кој ја образложува посветеноста на членките на мрежата на ГОи да работат заедно. Но, Ве молиме обрнете внимание на тоа дека членките треба да имаат работено во заеднички акции најмалку три години, иако ПГУ може да направи редок исклучок доколку се приложат доволно докази кои ќе покажат дека раководството на мрежата на ГОи има адекватно претходно искуство и дека мрежата на ГОи е способна да го пружи она што не било заслужено во минатото.

Прашање 4: Дали за време на спроведувањето може да вклучиме партнери, како на пример Адвокатска комора?
Одговор 4: Да, може да вклучите други партнери во Вашата мрежа на ГОи. Овие партнери ќе можат да примаат средства преку Партнерските грантови само ако се регистрирани како непрофитни организации во Македонија и се сметаат за македонски организации (види прашање 1 во врска со вториот критериум).

Прашање 5: Дали за време на спроведувањето на активностите може да вклучиме претставници на ГОи од регионот кои се членки на нашата мрежа?
Одговор 5: Да, ГОи со седишта во регионот се сметаат за регуларни членки на мрежи на ГОи кои можат да аплицираат за Партнерски грантови.

Прашање 6: Дали може да аплицираме само со активности за градење капацитети како што се вели на страницата 01 од барањето за апликации или треба да вклучиме и други активности како застапување, мониторинг итн.?
Одговор 6: Партнерските грантови имаат за цел да ги поддржат активностите за развивање на капацитетите на грантистите за да ја подобрат нивната способност да дадат подобри резултати во врска со активности за застапување и мониторинг кои се фокусираат на приоритетни прашања кои се од интерес на граѓаните на Македонија, вклучувајќи: добро владеење, подобрување на јавните услуги, владеење на правото, антикорупција, човекови права, економски раст, овозможувачка средина за бизнис и мониторинг и надзор на јавните институции.

Прашање 7: Дали активностите треба да се спроведуваат само во Македонија?
Одговор 7: Речиси сите предложени активности треба да се одржат во Македонија, освен за (ограничено) учество во активности за вмрежување или застапување кои се тесно поврзани со предложените стратешки интервенции на мрежата на ГОи, но би можеле да се одржат во странство. Во секој случај, ако мрежата на ГОи предложи активности кои би се одржале во странство, тогаш треба јасно да се покаже релевантноста на овие активности со предложените интервенции.

 

Сподели: