Фондацијата Метаморфозис ќе го имплементира Проектот за е-локална самоуправа од страната на Фондацијата Институт отворено општество- Македонија.

        Целта на проектот е преку користење на ИКТ да се дојде до подобра јавна политика, поголема доверба во владата, појака демократија и зголемен квалитет на услугите.

        На 17 март 2005 година Фондацијата Институт отворено општество- Македонија (ФИООМ) и ДАИ (MDW/USAID) потпишаа меморандум за соработка за имплементација на проектот за имплементација на е-локална самоуправа. Проектот ќе трае две години, а ќе бидат опфатени најмалку 20 општини во РМ.

Сподели: