Мени

Промоција на веб-сервисот „Следи ги парите“

 

Сервисот „Следи ги парите“ (www.SlediGiParite.mk) има за цел да ја доближи фискалната политика на локалните самоуправи во Македонија до граѓаните, преку едноставно и транспарентно прикажување на нивните буџети, односно приходите и расходите на општините од 2008 година па до денес. Информациите кои ги содржи сервисот ќе им овозможат на граѓаните да го следат трошењето на парите во нивните општини, со цел да се подигне свеста за квалитетот и квантитетот на  распределбата на средства

На прес конференцијата ќе бидат претставени можностите и информациите кои ги нуди сервисот „Следи ги парите“, како и предностите од ваквиот пристап за граѓаните и локалните самоуправи.

За дополнителни информации може да се обратите до Елена Игнатова, проектен координатор, на 02/ 3109 325, 075 495 307 или elena@metamorphosis.org.mk.