Мени

Промоција на Водичот „Како до политика за приватност?“ на Координативната средба за е-трговија

Настанот беше организиран како резултат на соработка помеѓу Министерството за информатичко општество и администрација и Фондацијата Метаморфозис во синергија со Проектот  за е-Влада на УСАИД.

vest_042011На настанот учествуваа 22 лица, меѓу кои 3 претставници на банки кои нудат услуги за е-трговци (ИК Банка, НЛБ Тутунска и Унибанка), процесорот за наплата Касис, 9 компании кои одржуваат е-продавници (НовЕкспо, Глобал нет, Ексквизит, Акота, Експлоринг Македонија, Скопски пазар, Културна ризница, Фонко – сите од Скопје, како и Аптека „Ирис“ – Струмица), 2 агенции за е-маркетинг (NewMedia.Mk и HTTPool.com.mk),  ИКТ комората и НВО еНевладина.

Во рамките на настанот Благица Андреева од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) го најави скорешното објавување на новиот информативен веб-потрал e-trgovija.gov.mk наменет за потрошувачи и трговци, на кој претставниците на е-продавниците ќе можат и самите да објавуваат вести од оваа област. Преку порталот, МИОА има намера да овозможи промоција на сите електронски трговци од Македонија под еднакви услови.

Потреба за информирање од областа на безбедност за граѓаните.

vest_042011_1Филип Стојановски, програмски координатор од Фондацијата Метаморфозис, го претстави Водичот кој содржи објасненија како се креира политика за приватност преку пренесување на светските искуства од оваа област и урнеци кои може да се прилагодат на потребите на е-издавачите.

Тој нагласи дека објавувањето на ПП не е законска обврска, но е важен фактор во креирањето на доверба на корисниците кон давателите на е-услуги, оти го одразува постоењето на функционален интерен систем за заштита на правата на граѓаните.

Истражувањата на кои се заснова Водичот укажуваат дека токму е-продавниците се водечка група веб-локации во земјата според примена на политики за приватност. Во текот на дискусијата беше укажано дека некои од банките бараат е-продавниците кои вршат промет преку нив обврзно да воведат вакви политики, што влијае позитивно на повеќе нивоа.

Водичот за ИКТ бр. 6 “Како до политика за приватност?“ е плод на директна соработка меѓу Фондацијата Метаморфозис и Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП), објавен на македонски и албански јазик во рамките на проектот Иницијатива за приватност на интернет поддржан од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија. Метаморфозис и ДЗЛП го дистрибуираат Водичот бесплатно до сите заинтересирани страни во хартиена форма преку тематски настани, обуки или директна достава, а е достапен и за симнување преку интернет како е-книга објавена под лиценца Криејтив комонс.