Во рамките на Проектот за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП), на 14 и 15 мај, во Тетово и Елбасан, се организираа првите конститутивни седници на мрежата СТЕП, во насока на проширување и унапредување на стратешкиот и координиран пристап до специфични нови и стратешки пазари за извоз на туризам за туристички бизниси (особено Малите и средни претпријатија – МСП и нови претпријатија), како и зајакнување на темелите, општото опкружување и потребните елементи потребни за стратешко постигнување и искористување на нови меѓународни пазари во туристичката индустрија и подобрена комуникација и соработка со цел да се постигне координиран развој на заеднички прекугранични претприемачки активности.

IMG-eddcd215ffa99a7da24ea45f9feb78dc-V

Учесници, а во истовреме и крајни корисници, беа мали и средни претпријатија, владини агенции на централно и на локално ниво, групи на туризам, стопански комори, стартери и граѓаните како потенцијални претприемачи во областа на туризмот, како и невладините организации и медиумите.

На првиот состанок беа разгледани активностите кои ќе доведат до постигнување на резултатите од проектот:

  • Зголемување на капацитетот на туристичкиот бизнис за стратешко користење на ИКТ за зголемен дострел на пазарот преку тренинг и менторска поддршка платформа;
  • Зголемена туристичка побарувачка во регионот преку зголемена онлајн содржина и активност;
  • Зголемена интерконекција помеѓу туризмот и културата во прекуграничниот регион преку создавање на СТЕП мрежа на информирани и овластени туристички јавни и приватни субјекти, Граѓански организации – ГО, туристички кластери и / или стопански комори;
  • Зголемен капацитет на туристичките бизниси и индивидуалните претприемачи за интернационализација, поврзување и партнерство со меѓународните релевантни страни;
  • Создадена Интер-регионална туристичка онлајн платформа (iTOP)
  • Создаден кредибилен STEP бренд кој обезбедува додадена вредност за малите и средните претпријатија во прекуграничниот регион со тоа што придонесува за идентитетот, создавајќи доверба и почитување и подигање на очекувањата за квалитет и интегритет;

Иако секој почеток е тежок, сите учесници ветија дека ќе бидат активен дел од мрежата и ќе придонесат за постигнување на заеднички цели, како и следниот состанок каде што мрежата ќе биде формализирана, ќе бидат поконкретни во дефинирањето на проблемите и доставувањето на решенија.

IMG-5f25aeaf05d9c25d602cf533fe5f6eb2-V

Вреди да се истакне дека на состанокот, исто така, се покажаа позитивните искуства на некои нови компании и бизниси кои ќе бидат поттик за сите други потенцијални членови да дејствуваат заедно во иднина.

По сумирањена информациите од двете средби ќе биде одредена и втората конститутивна седница на мрежата за двата региони.

Проектот СТЕП се финанцира од Програмата за меѓугранична соработка на Европската Унија, додека се имплементира од Фондацијата Метаморфозис со партнерите Центарот за развој на полошкиот плански регион, како и Советот на Округот Елбасан.

Сподели: