Мени

Прва јавна консултација „Дигитализацијата во радиодифузијата: достигнувања, предизвици и перспективи“

Фондацијата Метаморфозис на 13.10.2015 во Скопје, а во рамките на проектот Мапирање на дигитализацијата во Република Македонија одржа јавна консултацијан како дел од активностите предвидени со проектната имплементација. На консултацијата беа поканети сите чинители од радиодифузната сфера: медиуми, новинари, провајдери на аудиовизуелни медиумски услуги, регулаторни тела, државни/јавни институции, маркетинг агенции, медиумски здруженија и други релевантни невладини организации кои работат во оваа област.

dig-radiodifuzija-1

Целта на самата консултција беше да се разменат мислења анализи и информации за различните суб-специјални области, за состојбите, условите во кои се развива оваа медиумска сфера. Областите и темите за кои се дискутираше беа:

  • Пазарот и дигитализацијата и ефектите кои ги предизвикаа; деловните практики и евентуалните промени во понудата кон публиката и кон огласувачите;
  • Транспарентност, ефикасност, партиципативност и инклузивност во процесот на дигитализација во радиодифузијата; Кој доби најмногу во процесот, а кој изгуби? Дали се намали влијанието на државата врз чинителите од медиумската сфера; Дали, како и колку добија или изгубија граѓаните со процесот на дигитализација

dig-radiodifuzija-2

 

Преземете:

 

Одзивот во јавноста за јавната консултација

 

a1onЛинк до веста a1onЛинк до веста
telmaЛинк до веста ereporterЛинк до веста
ereporterЛинк до веста lokalnoЛинк до веста