Мени

Работилница за дигитални приказни „Сите имаме минато“

last-title-ds-doverba.pngРаботилницата изведена во рамките на проектот Поттикнување локални е-содржини, чија тема гласеше „Сите имаме минато“, започна на 16ти март, со прекини траеше 9 дена, а заврши последниот ден од месецот.

Секоја од средбите, во текот на овие 9 дена траеше по 3 часа. Работилницата започна со 7 членови од НВО „Доверба“ и лица зависни од дрога, но само тројца учествуваа до крај и ги финализираа своите видео приказни. Останатите учесници на работилницата, го проследија почетниот дел од процесот, односно ги раскажаа своите приказни, но истите не ги претворија во мултимедијален производ.

Работилницата се одвиваше според стандардната методологија за изработка на дигитални приказни за трансформација, во слободна и опуштена атмосфера.

На почетокот, учесниците се запознаа со концептот на дигитални приказни, проследија неколку туѓи и ги раскажаа своите.

Вториот дел од работилницата беше посветен на снимање на нарациите и нивна обработка.  Понатаму, учесниците ги планираа и собираа сликите и другите мултимедијални материјали наменети за вклучување во крајните производи, после што ги обработуваа по потреба.

На крајот, креираа кратки видео приказни со помош на софтвер за видео обработка.

На оваа работилница се работеше со слободен софтвер, но и со комерцијален софтвер за привремена употреба, поради можностите кои тој ги нуди.

Работилницата ја спроведоа Ирина Шумадиева и Елена Игнатова од Фондацијата Метаморфозис, а видеата на тројцата учесници, со нивна согласност, се достапни онлајн.