fb-cover

Работилницата ќе започне со презентации на претставник на Фондацијата Метаморфозис и на Министерството за животна средина и просторно планирање, кои ќе дадат воведни зборови за предизвиците од отпадот од електрична и електронска опрема (е-отпад), како и законската регулатива во Македонија. Потоа ќе следи дискусија помеѓу присутните за претстојните обврски на Македонија за имплементација на Законот за управување со електричната и електронската опрема и отпадната електрична и електронска опрема, што тоа би значело за компаниите, граѓаните и како тоа може полесно да се спроведе во пракса. Работилницата ќе заврши во 14 часот, со коктел. 

На работилницата ќе има претставници од националните мрежи од Србија, Хрватска и Бугарија, со цел да се пренесат искуствата, предизвиците и методите при справување со е-отпадот помеѓу земјите вклучени во проектот.

Вашето присуство може да го потврдите на Тамара Ресавска по телефон 02/3109 325 или е-пошта tamara@metamorphosis.org.mk. За дополнителни информации ви стоиме на располагање.

Сподели: