Работилницата се одвиваше по следната агенда:

– информација за прогресот во проектот е-документи, кој е еден од најкрупните и најзначајните проекти на МИОА во кој се вклучени 15-ина државни органи и кој треба да придонесе за целосно реформирање на начинот на работа на државната администрација при спроведување на управните постапки

– презентација на работната верзија на модел договорот за јавна набавка на изработка на софтверска апликација со сите свои специфики, вклучително и клучните аспекти на договорот за ниво на испорачана услуга (Service Level Agreement)

– презентација на основните правни аспекти на заштитата на личните податоци, со акцент на заштитата на личните податоци при обработка преку ИКТ

– презентација на неодамна изработениот Водич „Како до политики за приватност?“

Презентациите на првите две точки ги направија претставниците на МИОА, додека пак на последните две точки ги извршија претставници на Дирекцијата за заштита на лични податоци и Фондација Метаморфозис.

На работилницата присуствуваа околу 35 лица, кои со своето вклучување во дискусиите придонесоа да се отворат и разрешат многу прашања и предизвици со кои се соочуваат при спроведување на набавките, имплементацијата на договорите и обработката на личните податоци поврзани со софтверски апликации и електронски системи.

Се очекува во наредните неколку недели потесна работна група, под координација на МИОА, да го финализира модел договорот за јавна набавка на изработка на софтверска апликација и истиот потоа јавно ќе се објави и ќе се дистрибуира до сите договорни органи. Исто така, се повикуваат сите субјекти од јавниот и приватниот сектор да го искористат водичот за политики за приватност за да креираат и објават на своите веб локации политика за приватност, со што ќе продонесат за подобрување на имиџот и зголемување на довербата на корисниците на нивните веб локации и електронски системи.

Извор: МИОА „Работилница за квалитетно моделирање на договори за јавна набавка на софтвери и политики на приватност“ 30 март, 2011.

Сподели: